Select Page

Архива ЗаУм – архива на настани поврзани со современата македонска ликовна уметност

 

Архивата ЗаУм се јавува од потребата да се приберат на едно место, и да се понудат за користење онлајн, што повеќе материјали за современата македонска ликовна уметност. Наменета е за студентите, истражувачите, уметниците, историчарите, новинарите и сите оние кои ги интересира ликовната уметност. Архивата е исклучиво едукативна и некомерцијална.

Нашиот став е дека знаењето надградувано со генерации е јавно добро и ограничувањето на пристапот до него го сметаме за нефер.

Со таква цел, на почетокот на градење на оваа архива собрани се и поставени материјали, најдени во слободна циркулација онлајн. Во втората фаза ги комуницираме директно авторите и институциите, со намера нивните материјали и архиви да бидат јавно достапни преку ЗаУм.

Архивата е организирана во објави („постови”). Секоја објава е посветена на одреден настан (изложба, манифестација, објавување на книга, критика во дневен весник, итн.) и се содржи од кратка информација и дополнителен материјал како документација (каталог, постер, леток, фотографии, видео, итн.). Пребарувањето на содржините е овозможено преку неколку филтри или категории (тип на настан, тип на институција, име на автор, дисциплина, тип на документација, период, место на случување).

Архивата ја уредуваат и организираат: Денис Сарагиновски, Слободанка Стевческа, Анета Реџепагиќ, Надица Толевска и, во почетоците, Владимир Јанчевски. Реализацијата на архиватата ЗаУм е овозможена од „ОПА фондација”.

Благодарност до Соња Абаџиева и Небојша Вилиќ за понудената соработка и отстапените материјали од сопствените архиви. Материјалите можат да се најдат во категоријата лични архиви”.

Во интерес на подобрување на оваа архива, ги очекуваме вашите коментари, забелешки и предлози овде.

 

Share This